Со иста порака од Скопје за Атина заминува германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

На дофат е историска шанса да се реши спорот за името.

Решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа, појасни Мас

Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Јас сум сигурен дека кај одговорните лица во Скопје ќе се отвори тој пат. Ние сме за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Тоа е важно за стабилноста на регионот и затоа тоа не е само ваш туку и наш европски интерес. Истовремено, пристапувањето во ЕУ подразбира и други критериуми – правна држава, борба со корупција и органзиран криминал

Тој посочи дека со решавањето на спорот се покажа дека власта има визија за иднината на Македонија и упати охрабрување да продолжијме по тој пат чекорејќи храбро.

Димитров рече дека со посетата на Мас, онаа на канцеларката Меркел на Денот на независнота и утрешната на германската министерка за одбрана, не може да има појасен сигнал за германската поддршка која се темели на една основна причини дека Берлин препознава решителнист кај Република Македонија да си ги реши проблемите, да застане на нозе и тргне напред.

 

Прес-конференција Димитров и Мас

Posted by Pressing TV on Tuesday, September 18, 2018