На кого му пречи науката, праша вечерва доктор Вело Марковски, кој од скоро е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи ги обидите за негова дискриминација.

Последниве десeтина дена бев мета на бројни напади од сите можни оружја. Слични напади односно пласирање на тези за омаловажување и дискредитација кратко беа пуштени во месец мај, во еден период кога дадов некоја анализа или мислење кое на некои структури не им се допаднаа. Ова само ми дава за право да мислам дека влегувањето во ИК на ВМРО-ДПМНЕ е само повод, а не причина за пукање од сите оружја кон мене. При тоа ниеднаш не се оспоруваат моите ставови околу Ковид-19, туку се напаѓа мојот изглед, каракер, личен живот, национална и партиска определба, пишува др. Марковски на „Феjсбук“.

Тој потсети дека владеачката партија одржа неколку прес-коференции, првата само неколку часа по изборот во ИК.

Се вклучија ботови, спинови т.н независни новинари (очигледно многу зависни од пари) аналитичари, лекарска комора… Нападите се лични иако јас за цело време изнесувам научни и стручни ставови се со цел да помогнам да поминеме со полесни последици од најголемата војна во историјата на човекот. При тоа личните навреди се очекувани, свесен сум и за последиците од бранење на научни ставови во време на глобално лудило (професорот Дидиер Раулт имаше смртни закани во дмеократка земја како Франција). Ме изненади омразата со која сум напаѓан од луѓе на кои можеби баш моите ставови и искуство им помогнало многу, пишува тој.

Но, според Марковски, два моменти сепак отидоа предалеку.

Едниот е прес-коференција (или јавно изнесен став) на портпарол на СДС (владеачка партија) во која изнесува многу наводи од една истрага која се води против мене. Изненаден сум како дошле тие податоци до него (или државата тоа сум јас…). За да не влијаам на истрагата јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување. Се надевам дека одделението за организиран криминал при Јаното обвинителство во најскоро време ќе одговри: како предметот стигнал до портпаролот; дозволиливо ли е да се влијае на истрагата, ќе влијае ли јавниот притисок и притисокот од власта во понатамошниот тек на истрагата и врз евентуалното подигнување на обвинение и судски процес; ќе покрене ли обвинение против сите кои јавно изнесуваа податоци од предмет во истрага.

 

Вториот момент е: некои чудни совпаѓања и случувања вразани за мојата лична безбедност и безбедноста на моите најблиски. Не верувам дека во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имам 4 пати прстигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отварање на прозор од тераса со штравигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во момнтот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпагање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот. Останува полицијата да расчисти дали се работи за случајни настани и средби, обид за кражба или штази методи, пишува Марковски.

Тој потенцира дека без разлика на резултатите едно е јасно, некој сака да го исплаши или има сериозни намери со краен резултат: замолкување на науката.

Сакам да кажам дека без разлика дали се работи за случајни настани, обид за разбојништво, кражба, игра на наркомани, некој треба да се погрижи да ги заштити лекарите кои се јавно експонирани за време на оваа пандемија. Мојата безбедност е директно во рацете на министерот за внатрешни работи господинот Оливер Спасовски кој се покажа како човек кој во целост ја држи контролата и работата во МВР. Во услови на светска пандемија, со огромни економски последици, со 15 милјарди долари на ден потрошени пари во здравството во светот од кои најголемиот процент оди во некои фармацевтски компании, мислев дека министерот и/или безбедносните структури во државата по автоматизам ќе се потрудат да го заштитат својот лекар и професор кој има над 73 милиони прегледи на електронските медиуми, пишува тој.

Поради загриженост за безбедноста моја, додава Марковски, но пред сè на моите најблиски ќе побарам прием кај министерот Оливер Спасовски за да ме убеди дека изнесувањето во јавност на моите сознанија за КОВИД-19 пандемијата нема да ја загрозат мојата безбедност и безбедноста на моите најблиски.

До тогаш ги откажува сите договрени интервјуа и/или емисии на тема за КОВИД-19 пандемијата.