Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.
За претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван професорот Марјан Ѓуровски продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје и претседател на Македонското политолошко друштво, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, фудбалската легенда Дарко Панчев, актерот Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ извршен директор на Стопанската комора, оперскиот пејач Весна Ѓиновска Илкова од Националната опера и балет и генерал потполковник Мирослав Стојановски поранешен началник на Генерал штабот на Армијата.
Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на Претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за Република Северна Македонија.
Comments are closed for this post.