Неколкукратно намалување на судските такси најави на денешната прес конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.
Како што кажа тој, новиот тарифник е во сила од денеска и оти износите за предмет во првостепена постапка се за околу осум пати намалени во однос на претходните цени.
Судските такси се значително намалени од денес. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000 денари. Трошоците за судските такси, во првостепена постапка, ќе се движат од 480 денари до 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот“, рече Маричиќ.
Comments are closed for this post.