Денеска почнува јавната дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот согласно Договорот од Преспа. За пет дена, универзитетите, МАНУ, невладиниот сектор ќе треба да го дадат своето мислење за промените на Уставот.
Во оваа фаза и самите пратеници ќе можат да дадат забелешки и контра амадмани.
По завршувањето на петте денови претседателот на Собранието, Талат Џафери, е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница за која за да поминат уставните измени ќе биде потребно двотретинското мнозинство, односно 80 пратеници. Се очекува целиот процес да заврши до средината на јануари.
Потоа, Договорот од Преспа се сели на ратификација во грчкиот парламент.
Comments are closed for this post.