Десет години сите членови на СДСМ беа најдискриминираната категорија на граѓани во државата. За нас беше забрането и во јавен и во приватен сектор било кој со членска книшка на СДСМ да се вработи.
Ова беше одговорот на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски за тоа дека членови на СДСМ се вработуваат во ЕЛЕМ и МЕПСО.
Затоа зборуваме за заробена држава. Денеска е чудно што било кој што е симпатизер на оваа власт дека се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, ајде да се договориме да ја напуштат државата-објасни министерот.
Comments are closed for this post.