МАН ги повикува новинарите утре да излезат на мирен протест пред Основното јавно обвинителство и пред Судовите.

Ваквата реакција на МАН следува по се поголемиот и силен политички притисок врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку правосудниот систем. МАН ги повикува своите членови утре во 11.00 часот да се придружат на мирниот протест кој ќе започне пред зградата на Основното јавно обвинителство на Кејот на Вардар, а потоа ќе продолжи кон судските палати“, стои во соопштението.

Од таму ги повикуваат  сите новинари, медиумски работници, членови на невладини организации, како и сите граѓани да ја поддржат слободата на медиумите преку што помасовно присуство.

Мотото на протестот е: „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апсења и  прогони!“