“Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања. Ќе бараме решение во следниве часови со Северномакедонците.”-изјави вчера претседателот на Франција Емануел Макрон.
Ова негова изјава е со револт примена во Македонија и со тоа се вратија сомнежите дека нешто се подготува во последен момент, се разбира на штета на Македонија.
Maкрон ја поздрави храброста на некои лидери на Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.
-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија. Тој го пофали и премиерот на Бугарија, Кирил Петков за неговата политичка храброст.
Comments are closed for this post.