Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска од Токио патува за Вашингтон, каде ќе ја предводи владината делегација на претстојниот Стратешки дијалог меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. Македонија е прва држава од Западен Балкан што отпочнува ваков значаен процес со САД.
Во рамки на посетата на Вашингтон, Османи, како што е најавено, ќе оствари и повеќе билатерални средби со високи државни преставници на САД, како и истакнати личности од граѓанскиот сектор и тинк – тенк органзиации.
Стратешкиот дијалог беше најавен од страна на власта откако стана јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Comments are closed for this post.