Духовите од минатото на Балканот повторно се повампируваат. Во Македонија , на Косово и во Албанија повторно се говори за формирање на една голема држава во која би влегле сите Албанци од регионот.

Kонкретниот чекор беше направен пред неколку дена со најавата за формирање на нова политичка партија која планира да учествува на изборите, а по победата да формираат парламент на Илирида.

Извесен Неџат Беџети, претставен како претседател на Движењето Илирида, најавува дека треба да се промени позицијата и статусот на Албанците во Македонија.

Не сето ова зачудува молкот на власта која како да се плаши на сите овие најави за федерализација на земјата.

Вчера „срамежливо“ премиерот Заев рече дека ова сигнал до ЕУ да ја забрза интеграцијата на Балканот и дека Македонија била пример на концептот „едно општество за сите“.

Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Македонија тој долг е поголем 10 пати. Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања-рече Заев.

За разлика од Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ жестоко реагира на сите обиди за формирање на големи држави и го брани територијалниот интегритет на земјата.

Па така, Вучиќ пред неколу месеци на европските челници им порача дека најавата за обединување на Косово и Албанија е закана за Балканот и целиот свет.

Вие правете што сакате, ние на тоа ќе имаме добар и адекватен одговор, граѓаните не треба да се грижат-рече претседателот на Србија.

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај пак се закани дека ако Косово не стане членка на НАТО и не добие визна либерализација ќе се припои кон Албанија.