На деветти и десетти декември ќе се одржи Самит за демократија под покровителство на претседателот на САД, Џо Бајден.Ова е прв ваков самит кој поради корона мерките ќе се одржи виртуелно наместо со директно присуство на државите.

Главни теми на кои ќе се говори на Самитот се заштита на авторитарноста, борбата против корупција и почитувањето на човековите права.Покрај преставниците на државите поканет е и невладиниот сектор и бизнисмени.

Кога ќе се погледне листата на учесници објавена на сајтот на Стејт Департментот се гледа дека недостасуваат многу земји како Русија,Кина, Турција, Египет… Од друга страна повикани се земји кои ни одалеку не важат за демократски како Филипини, Конго, Индија, Ирак…

Што се однесува до земјите од регионот, Србија и Косово најпрво не беа поканети но во последен момент се најдоа на листата. Недостасува единствено Босна и Херцеговина.

Што се однесува до Македонија, нашата земја ја има на листата на учесници но неизвесно е дали ќе имаме свој претставник. Од владата на прашањето на „Република“ дали ќе имаме претставник на Самитот испратија „опширен“ одговор

Кога ќе имаме да соопштиме во врска со прашањето, јавноста ќе биде информирана-велат од Владата.