Министерството за правда попладнево го испрати барањето за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија.
Барањето за екстридиција се однесува за извршување на правосилна пресуда изречена во траење од две години и за водење на четири кривични постапки кои се пред домашните судови, а укажуваме дека за него се водат и четири истраги како и една предистражна постапка за коишто надлежните органи можат да започнат и судски постапки во зависност од истрагата“ се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Во барањето, како што се наведува, е образложено дека ниедно од делата за кои Никола Груевски е правосилно осуден или се водат постапки против него не е политичко или воено кривично дело, односно, овие дела не се предвидени во Европската конвенција за екстрадиција како дела за кои може да биде одбиена екстрадиција.
Правата на Никола Груевски во секој момент биле обезбедени, вклучувајќи го и правото за одбрана пред судските органи согласно Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Никола Груевски се бранел од слобода и во ниедна постапка не му е изречена мерката притвор. Имал обезбедено повеќе бранители по сопствен избор со кои имал непречени можности за комуникација и ги користел сите права кои му се на располагање согласно Законот за кривична постапка“ се додава во соопштенито.
Оттаму укажуваат дека судската постапка во која е донесена пресудата и другите постапки кои се водат против Никола Груевски, се мониторирани од страна на ОБСЕ чија членка е и Унгарија.
Исто така, истакнато е дека Република Македонија е безбедна земја и не се наоѓа во никаков конфликт, меѓународен или внатрешен, а кој би го ставил во опасност животот и телесниот интегритет на било кој поединец.
Никола Груевски како поранешен Претседателот на Владата на Република Македонија, имал лично обезбедување од шест припадници на МВР кое му следува согласно домашната легислатива. Исто така, напоменуваме дека Груевски во ниеден случај не пријавил дека неговиот живот и личен интегритет биле во опасност, се наведува во барањето.
Во барањето се укажува и на ништовноста на дадените помилувања од Претседателот на Република Македонија, како и на фактот дека истите беа отповикани, како и на тоа дека Никола Груевски самиот се откажа од даденото помилување со писмо доставено до кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Comments are closed for this post.