Српската полиција во Белград уапси државјанин на Република Северна Македонија и на Украина кај кои пронајде над четири килограми хероин.
С.Х. (1965) од Северна Македонија и Н.Ш (1986) од Украина се уапсени под соменение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.
Како што соопштува српското МВР пронајде 4,2 килограми хероин во внатрешниот дел од алуминумските фелни на возило „ауди а6″ со романски регистарски ознаки во кој се наоѓале осомничените.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишо јавно обвинителство во Белград.
Comments are closed for this post.