Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Еуростат.
Најдолг животен век во Европа, според проценките на Еуростат, се очекува да имаат Швајцарците 83,7 години и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години.
Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците со 81,5 и Словенците со 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.
По Швајцарците и Шпанците, најдолгo во Европа живеат Италијанците 83,4 и Французите 82,7 години.
Податоците што ги објави Еуростат се изработени врз основа на очекуваниот животен век на новородените деца во Европа во 2016 година.
Comments are closed for this post.