Струшката викенд-населба Елен Камен можеби е најголемата елитна дивоградба во државата. Без престан се гради иако општината не издала дозвола за градба.
Во одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер испратено до граѓанското здружение Охрид ЅОЅ општина Струга потврдува дека се работи за државно земјиште и општина Струга нема издадено дозвола за градба.
Сепак, тоа не е пречка да продолжи изградбата на викендици на местото.
За урбаното дивеење во Елен Камен Пресинг пишуваше и пред година и пол, кога една од овие куќи му го одзеде животот на 49-гпдишниот Џ.А. од Струга.
Тогаш стружани преку медиумите предупредија дека во последно време таму има многу диво градење од страна на граѓани со албанско етничко потекло, со дозвола на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Новиот сопственик на куќата на Ашим, со месеци правеше базен. Бетон се налеваше од цистерна паркирана пред куќите на Костојчиновски и Гигови, преку нивните кровови. Тоа утро повторно налеваа бетон, возилото не беше стабилизирано, па едното тркало пропадна во септичката јама, пред гаражата на Гигови. Цистерната се навали и цевката згмечи еден од работниците кај базенот. Дури откако се случи тоа, го стабилизираа возилото, ама беше доцна. Човекот почина, за жал – раскажува мештанинот и додава дека во изминатиов период е направена и голема материјална штета и очекува сопственикот на куќата да ја санира.
Comments are closed for this post.