Етничката припадност во однос на тоа како ќе се гласа на референдумот закажан за 30 септември и натаму е многу изразена – мнозинството Македонци се против Договорот со Грција за промена на името, а кај Албанците тој процент и во однос на договорот и членството во НАТО и ЕУ е многу поубедлив, над 90 отсто. Се зголемува бројот на граѓаните кои се одлучиле за бојкот, се наведува во анкетата на Мкд.мк.