Четворица од власта во моментов се наоѓаат на црната листа на САД. На веќе актуелните Љубе Бошковски, Мендух Тачи и Џевад Асани им се приклучи и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Мендух Тачи со ДПА е во коалиција со СДСМ и ДУИ, исто и Обединети за Македонија на порашешниот министер за внатрешни работи иако е нејасно дали оваа партија се уште постои или егзистира само на хартија.

Покрај овие, и лидерот на ВМРО-народна Љубчо Георгиевски со години не можеше да патува во САД и имаше забрана што е еден вид на црна листа.

Сепак овие лица народски кажано „топ не ги бие“ и имаат бизниси во Македонија и регионот а тоа што се на црната листа не ги спречува да партицицираат во власта и политиката.

На црната листа на САД се и Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Од поранешната власт, на црнта листа се и Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Што е црна листа на САД

Црната листа се всушност санкции што се однесуваат на дела од висока корупција, стекнување поголема материјална корист, поврзаноста со власта . Најчесто на листата се  сегашни и поранешни владинислужбеници од целиот свет, но и компании со кои тие се поврзани, нивни блиски соработници одговорни за или се соучесници во висока корупција.