Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата продолжува со реализирање на реформските приоритети на Македонија кои овозможуваат унапредување на демократските процеси и гарантирање на човековите права. Собранието се враќа на реформската агенда,вели Хари Локвенец, пратеник од СДСМ
Преку инклузивниот процес обезбедивме двотретинска поддршка за Законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и Законот за судови кои беа усвоени на вчерашната парламентарна седница.
Овие закони овозможуваат зајакнување и унапредување на контролните механизми за заштита на слободите и правата на граѓаните.
Овие реформи се дел од извештаите на групата на Прибе и на други меѓународни организации и се суштински придонес во европската агенда.
Усвојување на Законите за јавно обвинителство се заокружува процесот за воведување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата. Во рамките на ОЈО се формира посебно одделение за истражување и гонење кривични дела сторени од овластени службени лица и припадници на затворската полиција.
Со Законот за кривична постапка ги надминуваме недостатоци во областа на посебните истражни мерки, кои беа лоцирани во меѓународните извештаи, а посебно во извештаите на Рајнхарт Прибе.
Измените во Законот за судови овозможуваат зајакнат независен надворешен контролен механизам за припадници на полицијата и затворската полиција. Специјализираното судско одделение надлежно за организираниот криминал и корупција ќе може да суди за кривични дела извршени од полициски службеник, како и овластени службени лица со полициски овластувања и други овластени лица.
Со овие исклучително важни реформски закони, како и со претходно изгласаните Закони за заштитени сведоци, за оперативно техничка агенција и за следење на комуникациите обезбедуваме сигурност за граѓаните без никаква можност за злоупотреба и загрозување на нивната приватност.
Comments are closed for this post.