Обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нема да се врати таму каде сега шефица е Вилма Русковска, туку во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела.
Тоа е одлучено на денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година, изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.
Comments are closed for this post.