Пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата, не можам да дадам ниту една друга изјава во однос на она што веќе го имам споделено. Се што имав да кажам, се кажав, изјави специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова по напуштањето на Обвинителството за борба против корупцијата и организираниот криминал.
Стефанова беше повикана за сведок во врска со случајот „Рекет“ минатата недела.
Comments are closed for this post.