Со наближувањето на референдумот на 30 септември се зголемува и присуството на странски гости кои не убедуваат дека за нашата евроатланска интеграција неопходно е да излеземе на гласање.

Меѓу нив забележително е што се наоѓаат и ликови кои беа актуелни за време на воениот конфликт во 2001 година. Таков е и поренешен Генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Забележителна беше неговата улога за време на случувањата во Арачиново кога терористите од ОНА од терористи почна да ги именува бунтовници.

Тој деновиве беше во Македонија и од Битола ни порача дека би било погрешно да ни кажува како да гласаме но оти гласањето во овој момент е најголем императив.Тој посочи една изрека која гласи „ако не гласаш, тогаш немаш право на мислење“.

Во Македонија се наоѓа и францускиот амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година.Тој беше особено активен за време на воениот конфлит и случувањата во Арачиново.

Во април во Скопје се обелодени формирањето на групата именувана како „Охрид“ која ќе го поддржува процесот на зачленување во ЕУ и НАТО. Во неа членуваат екс-генералните секретари на НАТО Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, порнашениот бугарски претседател Плевнелиев, екс-шефот на шведската дипломатија Карл Билт, амбасадорите Ален Ле Роа и Волфганг Ишингер.