Денеска во 11 часот во Клубот на пратениците ќе се одржи лидерска средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Очекувањата од оваа средба се минимални. Лидерот на опозицијата има цврст став дека уставни измени под овие услови и под бугарски диктат нема да има и оти ова Собрание нема мандат за такво нешто.
Премиерот пак од името на власта сака да се говори само за уставнитe измени кои се главен услов Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.
Исто така, малку е веројатно дека власта ќе прифати предвремени избори и по секоја цена ќе сака да го истурка мандатот до средината на следната година.
Comments are closed for this post.