Лекарската комора на Македонија изразува згрозеност и револтираност од секојдневно нови инциденти во здравствените установи во кои, како што посочува, жртви на вербални и физички напади се докторите и другите здравствени работници.
Ни се случи Тетово, Драчево, Кавдарци, Градска хируршка болница Скопје. Тоа е недозоливо и од тие причини како Лекарската комора на Македонија инициравме итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски“, се вели во денешното соопштение од Комората.
Оттаму велат дека е неопходно да се изнајдат конкретни и трајни решенија за ваквите појави. Комората бара предизвикувачите на инцидентите под итно да се казнат и против нив да се преземат максимално предвидени казни, како и други мерки, согласно позитивните законски прописи. Тоа што се случува го коментираат како скандалозно затоа што, како што се вели во соопштението, во опасност се доведени здравствени работници кои пружале здравствени услуги на пациенти, најчесто ургентни и животно загрозувачки случаи.
Жално е и тажно што Лекарската комора во неколку дена мора повторно да реагира на ова што им се случува на здравствените работници. Загрижени сме од слободата која некој си ја дозволуваат со насилство кон нас, докторите, сестрите, болничарите да го изразуваат своето незадоволство, нетрпение и нервоза“, вели Гривчева-Старделова.
Според неа, институциите треба да преземат мерки да ги заштитат своите здравствени работници со оглед дека согласно законската регулатива докторите на работните места имаат статус на службени лица.
Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал. Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции, да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува“, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.