Додека во сите земји целиот здравствен систем е насочен на превенирање и лечење на граѓаните со корона вирус, а паралелно се одвива процесот на вакцинација, Филипче продолжува само со лаги. Секако, и во реализација на неговиот приотет, а тоа се неговите лични интереси и интереси на Заев и неговата екипа, истакна на денешната прес-конференција д-р Кирил Лазов.
Тој посочи дека додека во сите земји стигнува веќе третата тура од вакцини, додека граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас на големо има распродажба на области од здравството.
Во 2019 година Филипче стартуваше со физибилити студии за еден вид на приватизација на лабораториите, Итната медицинска помош, стерилизацијата и слично, а веќе избрале фирма која треба да направи физибилити студија за приватизација на ренгенот. И сега решил да ја приватизира стерилизацијата. Подготовката стратувала крај на 2019 година, а со истата Заев и Филипче се занимавале во текот на цела 2020 година во ек на пандемија со корона. Процедурата е стигната до таму што на клиниките во рамки на кампусот Мајка Тереза им е доставен договорот што треба да го потпишат со фирмата која ќе ги нуди услугите. Или клиниките се ставени пред свршен чин – еве ви го договорот потпишете. А цените во договорот што владата, преку министерство за здравство го потпишала со фирмата, со која само тие знаат како ја избрале, се четири пати повисоки. Или еден сет чија стерилизација со новиот договор чини нешто повеќе од 16 илјади денара, претходно чинел околу четири илјади денари, посочува Лазов.
Тој нагласува дека наместо грижа за лекови против корона и набавка на вакцини тие се занимаваат со продажба на јавното здравство.
Недозволиво е во период на корона пандемија, кога бројката на заболени во земјава се движи кон 100 илјади, а на починати се движи кон 2.800, министерот да се занимава со распродажба на здравството. Сега приоритет број еден е вакцинација, а Филипче не успеа да најде ниту една вакцина. Лошиот менаџмент на корона кризата, немањето вакцини чини човечки животи. За тоа одговрорност мора да има, посочи Лазов.
Comments are closed for this post.