Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати барање да присуствува на Самитот на ОБСЕ, соопшти министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. Според него, има одредни предизвици во однос на барањето од Лавров, бидејќи македонскиот воздушен простор е затворен за државни руски авиони, како и на соседните земји.
„Добив писмо од Лавров во кој побара да се обезбеди негово присуство во Скопје, но има одредени предизвици затоа што воздушниот простор на Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите министри да присуствуваат на ОБСЕ во Скопје“, кажа Османи.
Напори ќе има, но дали ќе се успее во нив, не се знае.
„Тука ќе треба да се направат логистички напори. По правило, сите земји-учеснички треба да присуствуваат на министерскиот совет на ОБСЕ, но за одредени личности треба да се одлучи дополнително. Јас се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје“, додаде тој.
Comments are closed for this post.