талијанскиот весник Ла Верита во својата најнова анализа тврди дека Македонија е колатерална штета на судирот меѓу Макрон и Германија но и на неспособноста и корумпираноста на Заев и неговата влада.
Во текстот се најавуваат нови докази за криминал во Владата предводена од СДСМ и ДУИ.
Целата анализа:
Европскиот Совет уште еднаш уште еднаш ѝ го негираше правото на Македонија, земја-кандидат уште од 2005та година, да отпочне преговори за членство во ЕУ.
Македонија повторно добива ладен туш и сфаќа дека е само еден спореден проблем во меѓународните односи. Довербата дадена на марионетата Заев од страна на Унијата, на неговите реформи и на ветувањата за неизбежната европска иднина, за време на Договорот од Преспа, преку кој следуваше промена на името, се растура како “кула од карти” поради реалната политика – базирана на интереси.
Мотивиран од неговата лична битка против Претседателката на европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, веднаш по одбивањето на француската кандидатка Силви Гулар од страна парламентот во Брисел, Макрон реши да се бори и да се спротистави на досиејата блиски до Берлин.
Макрон, заедно со своите сојузници ќе го одложи финалното гласање за Комисијата, барем за еден месец. Во меѓувреме се надева дека ќе оствари концесии коишто би му гарантирале подобра позиција во идното реформирање на Европа.
Губитник и во внатрешната, и во надворешната политика, Макрон игра на карта на одбивање преговори со Македонија, праќајќи сигнал до Германија дека ќе го блокира проширувањето на нејзината сфера на интерес на Балканот.
Од друга страна пак, фон дер Лајен наследи од Јункер и Могерини еден лошо предводен процес, македонскиот, доделен на Заев којшто успеа, преку своето криминално делување, да ги закопа и последните шанси на државата да биде примена од ЕУ, за време на овој собир.
Поддржувајќи го во доагањето на власт, Могерини му има ветено на Заев апсолутна власт.
Договорот од Преспа со Грција, за да се надмине децениската блокада од Атина, беше претставен како последен потребен услов за да се почне процесот на преговори.
Заев, базирајќи го својот легитимитет на тој договор, ја деконструира и ограби цела нација.
Потпомогнат од неговата недопирливост од страна на меѓународниот систем којшто го беше поставил како неопходен извршувач на лудиот план за декомпонирање на Државата, тој преферираше да изгради уште полош систем на корупција од тој на неговиот претходник Груевски.
Како што покажа “Ла Верита” во последните неколку месеци, а ќе има можност и во наредните денови да потврдиме со нови откритија, со Заев исчезна владеењето на правото, судскиот систем ги следеше политичките цели, а само мрежата на интерес на Заев и самиот тој, смееја да маневрираат со економијата на Државата, уништувајќи и она малку што беше ефикасно.
Целото владеење на Заев, изминатите две години беше презентирано надвор како голем успех.
Но, сега Франција и Брисел ја открија вистината, односно дека сѐ било всушност политички договор, игра на интереси, обработена зад грбот на македонскиот народ, со помош на некој кој лесно се контролира.
Матното минато на Заев го олесни договорот со неговиот претходник Груевски, кој му ја остави “на тацна” целата држава, притоа наоѓајќи безбедно засолниште во Будимпешта.
Кога Могерини побара договор на власта и опозицијата за формирање на СЈО со цел истражување на криминалите на претходната власт, Катица Јанева, сега во затвор, беше зачудувачки единственото заедничко име на листите на потенцијални кандидати подготвени од Груевски и Заев.
Целта на меѓународната заедница во поддршката на Заев и оддалечувањето на Груевски беше со цел да се отплати долгот кон Грција за нанесените штети за време на економската криза, и исто така да се оневозможи на Балканот еден хипотетички националистички судир, гледајќи во една многу горда Македонија, точка на фокус за идни соперништва меѓу бугарите, албанците и грците.
Comments are closed for this post.