Во малото швајцарско село Рути се одигра последниот чин на пресметката на две фамилии од албанското криминално подземје, Бојку и Истрефи, почнато пред три години во Струга.
На 25 декември е убиен од сопственикот на ресторанот „Барен“, И.Истрефи, по потекло од Струга од каде што е и семејството Бојку, пишува Телеграф.рс.
Луѓето кои живеат во куќа над ресторанот раскажуваат дека сопстеникот Истрефи во последно време бил вознемирен и бил советуван да ја заклучува вратата.
Тоа укажува дека Истрефи знаел или претпоставувал дека некој ќе дојде и ќе ја „наплати крвта“ на Дилавер Бојку, кој беше убиен на 14 август 2017 година на плажата „Аква Блу“ во Струга.
Телеграф.рс пишува дека се уште не се знае кој стои зад убиството на Истрефи, но се претпоставува дека е тоа е во режија на семејството на Бојку.
Comments are closed for this post.