Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата, се наведува во издвоените мислења на Уставниот суд за одлуката за поништување на решенија на Основниот кривичен и на Апелацискиот суд Скопје за парични казни на адвокатите во постапката на предметот за настаните од 27 април, соопшти поладнево Кривичниот суд.
Основниот кривичен суд Скопје со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека неможе да се согласи со одлуката У.бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата, но во целост ќе ја почитува. Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека истата содржи и издвоени мислења на одредни уставни судии на кои мислења се приклучува“, се наведува во соопштението на Кривичен.
Појаснуваат дека со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд, Уставниот судМ постапува како инстанционен суд, а, додаваат, таква надлежност нема, односно Уставниот суд нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови.
Comments are closed for this post.