Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат дека Камчев може да се крие, но и да се даде во бегство, па затоа сметаа и дека треба да му се определи оваа мерка за обезбедување присуство.
– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП – информираа од Кривичен суд.
По одредувањето на мерката притвор и спроведувањето во истражниот затвор, Камчев негираше дека сакал да бега. Притворот му беше одреден за предметот „Плацеви на Водно“.
Comments are closed for this post.