Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска соопшти дека се извршени контроли кај 60 фирми кои добиле субвенции од државата за плати лани во април, мај и јуни или октомври, ноември и декември, а не ја исплатиле платата на работниците. Контролите се направени по пријава на граѓани и врз основа на направена анализа на УЈП на фирми кои добиле помош, а не исплатиле плата.

Кај 16 од нив е утврдено дека исполниле условот за финансиска поддршка бидејќи во месеците кога е користена помошта не бил намален приходот за 30 отсто. 7 фирми го намалиле бројот на бројот на вработени од законскиот во месеците, додека 2 фирми не ги исполниле и двата услова за субвенции, бројот на вработени и намалување на приходот, а 2 фирми не дозволиле инспекторите да влезат во фирмите, изјави денеска Лукаревска.

Таа додаде дека само едена фирма ја вратил финансиската помош бидејќи не ги исполнил условите за нејзино добивање, а двајца други треба да ги вратат парите со камата.

Сите прекршители на законот ќе бидат санкционирани, а за дел од нив веќе се дадени на натамошно постапување во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додека во две фирми чии работодавачи не соработуваа со инспекторите ќе влезе финансиската полиција“, прецизираше Лукаревска и најави контроли на 11 фирми од текстилната и чевларската индустрија како и кај фирми кои се занимаваат со продажба на кондиторската производи кај кои има разлика во податоците во даночните пријави и завршните сметки. Кај нив, како што рече Лукаревска контролите ќе бидат извршени за 5 години наназад.