Според член 79 од Кривичниот законик, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Ч. кој во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект Силвер Медиа Центар ДОО Скопје.
Во текот на 2018 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, по основ за искористени „web marketing“ и „digital media services“ од странски правни субјекти прими влезни девизни фактури и извршил плаќање на парични средства во девизи кон банкарски сметки на странски правни субјекти во вкупен износ од 20.188.240 денари, при што спротивно на член 29-6 од Законот за данок на задршка на приход исплатен на странски правни лица по даночна стапка од 10 проценти во износ од 2.018.824 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Македонија.
Comments are closed for this post.