МВР излезе со детали за денешната полициска акција.
На 28.06.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиранкриминал и корупција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријавапротив 11 лица и тоа: М. Ј. (40) од Скопје, поранешен министер за транспорт иврски, Д. Д. (44) од Скопје, Б.Д.Д. (41) од Скопје, В.С. (51) од Скопје, А. Ј. (36)од Велес, Д. М. (32) од Скопје, вработени во Министерството за транспорт иврски, Е. Р. (53) од Скопје, Државен правобранител за подрачје на град Скопјеод 23.01.2007 до 30.10.2018, поради постоење на основано сомнение засторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“по чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ; С.К. (54) од Скопје вработена во Агенција закатастар на недвижности– Скопје, поради постоење на основано сомнение засторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по чл.353 – в од КЗна РСМ; Р.П. (64) од Скопје, Нотар за подрачје на Основните судови на градотСкопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело„Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 в.в став1 од КЗ, Л.С. (59) од Скопје, Нотар за подрачјето на Основните судови наградот Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривичнодело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 став 5в.в став 1 од КЗ, , како и за М. Ј. (51) од Скопје, сопственик и управител направно лице од Скопје.
Во денешните дејствија за обезбедување на осомничени лица што сереализираа под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавнообвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се10 осомничени лица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражнапостапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сторилекривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 воврска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикалештета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802милиони евра.
Во предистражната постапка е утврдено дека во временскиот период од21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоосомничениот заедно со петминаадминистративни службеници, со неизвршување на своите службенидолжности, постапиле спротивно на чл.17 ст.4 од Законот за изменување идополнување на Законот за градежно земјиште што се однесува на чл.74 ст.1,т.7 од Законот за градежно земјиште. Имено, во наведениот периодосомничените подготвиле и потпишале четири Договори за оттуѓување наградежно земјиште во сопственост на државата.
За два од Договорите што се однесуваат за земјиште во вкупна површина од4090 м2, наменето за изградба на хотелски комплекси со вкупна вредност од20.450.000,00 денари и за земјиште наменето за изградба на објект сокомерцијални и деловни намени, со вкупна површина од 1046 м2 во вредностод 97.382.600,00 денари, осомничените не ја следеле реализацијата нанаведените Договори и Анекс – Договори.
Наместо поради неисполнување надоговорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го врататградежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплатана договорната казна од купувачот за целиот период од денот на истекот нарокот за обезбедување на Одобрението за градење, тие постапиле спротивнона своите овластувања и овозможиле купувачите да се стекнат сопротивправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износод 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор.Останатите два Договори се склучени со осомничено лице кое во првиот случајсе јавува како физичко лице – купувач, а во вториот како сопственик на правнолице. Договорите се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2,со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште вовкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, соцена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00денари постигната со електронско јавно наддавање.
Неводејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќија својата службена должност, едно од осомничените лица во својство наслужбено лице покрај тоа што првично констатирало правни пречки засклучување на Анекс на Договорот и побарало истите да се отстранат, јазлоупотребило својата службена положба и овластување и подготвиломислење без да обезбеди дополнителни докази и без да констатира правнипречки за солемнизација на предложениот текст на еден од Анекс –Договорите. Со своите дејствија осомниченото лице постапило спротивно начл.2 од Законот за државното правобранителство. Со неизвршување на својата службена должност, двајца осомничени какослужбени лица кои вршат работи од јавен интерес постапиле спротивно назаконот.
Едниот, иако приложената документација не била комплетна, извршилпотврдување на приватната исправа и притоа го изменил текстот на еден одДоговорите за оттуѓување на градежно земјиште и Анексот на Договорот воделот што се однесува на реалниот товар над земјиштето. Наместо даконстатира еднострано раскинување на договорите и враќање на градежнотоземјиште во сопственост на државата, во случај на неисполнување надоговорните обврски, дефинирал оттуѓувачот да може да наплати самодоговорна казна, без прецизирање како државата ќе го наплати своетопобарување доколку купувачот не располага со друг имот.
Второто осомничено службено лице со умисла помогнато од осомничениотсопственик и управител на правното лице, постапило спротивно на одредбите од Договорот за оттуѓување, како и спротивно на чл.43 и чл.46 од Законот за нотаријат. Иако било запознаено, не потврдило и не го евидентиралопостоењето на право на реален товар во корист на оттуѓувачот – Р.М.Постапувајќи спротивно на своите службени овластувања осомниченото лицеизвршило и Солемнизација на нов Договор – Договор за дар на недвижен имотза едно од предметните земјишта, кој бил заверен и во кој е констатирано декадародавецот – осомничениот, бил сопственик на недвижноста што ја подаруваи дека на истата немало воспоставено никаков правен товар. Со своитедејствија осомниченото лице овозможило предметното земјиште да се пренесево сопственост на трети лица.Осомничениот сопственик на правно лице иако знаел дека не гиисполнил обврските од Договорот за оттуѓување на градежно земјиште, гоизвестил Министерството за транспорт и врски за отпочнување со градежниактивности, а кои ги прекинал со невистинито образложение и во два навратидоставил и вештачења изготвени по негово барање со прикажана состојба наземјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар. ПриСолемнизација на Договор за дар на недвижен имот, осомничениот дал лажнаизјава дека градежното земјиште што е предмет на подарок, не е оптовареносо никаков правен товар.Со пропуштање на должен надзор – без да утврди дека во приватнатаисправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвиденоприбележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот,осомничено службено лице несовесно постапило во вршењето на своитеовластувања и не ги почитувало одредбите од чл.171 од Законот за катастарна недвижностите, по кои било должно да постапува.
Без да прибележи товарнад земјиштето осомниченото службено лице извршило промена насопственоста над земјиштето и во јавните книги на катастарот во корист наосомничениот сопственик на правното лице.Со извршените дејствија шестмина од осомничените сториле по еднокривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353ст.5 во врска со со ст.1, двајца осомничени сториле по едно кривично делоЗлоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска сост.4 в.в. со ст.1, еден осомничен сторил кривично дело Злоупотреба наслужбената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска сочл.24 од Кривичниот законик и едно лице е осомничено дека сторило кривичнодело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 одКривичниот законик.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител досудијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставипредлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.
Едновремено обвинителот согласно член 118 и член 120 од Законот закривична постапка достави и Предлог за определување на мерки заобезбедување на имотно -правно побарување во висина на штетата.
Comments are closed for this post.