Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Тој е осомничен за делото „здружување заради непријателска дејност“ поврзано со настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Атанасовски беше притворен откако на судскиот процес на почетокот на декември минатата година обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски, давајќи ја својата одбрана, го посочија како еден од организаторите на упадот во Собранието. Потоа и обвинетиот Александар Василевски Нинџа. исто така во својата одбрана, посочи дека соработувал со УБК, а таа посебно се интензивирала откако Атанасовски дошол на чело на тајната полиција од којашто позиција бил негова поддршка.
Атанасовски стана директор на УБК речиси една година по оставката на Сашо Мијалков. Кога Мијалков даде оставка во мај 2015, него го замени Љупчо Андоновски, кој таму се задржа до септември 2016 кога на оваа функција беше назначен Атансовски. Притворениот поранешен директор беше на чело на УБК се до промената на власта.
Comments are closed for this post.