Во изминатите неколку години провева чувство на пуста желба дека „Западниот Балкан е среден“. Шесте земји од регионот, се сметаше дека ќе станат постабилни, ќе ги решат внатрешните проблеми, ќе ја зајакнат регионалната соработка, ќе привлечат странски инвестиции и ќе се приближат кон ЕУ и Северноатлантската организација (НАТО). Но, Балканот не е среден – се истакнува во извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал.
Во регионот се вкрстуваат интересите на повеќе мафии и криминални групи, а постојат и кризни жаришта кои ја загрозуваат безбедноста во регионот.
Како светла точка се посочува Северна Македонија заради договорот со Грција и евроатлантските перспективи кои се отвораат, но далеку е од тоа земјата да биде оценета како сигурна од аспект на криминалните активности.
Во делот за Македонја во извештајот се посочува граничниот премин Јажинце/Глобочица во близината на Тетово, кое се смета за жариште за трговијата со разни стоки.
Службениците кои работат на граничниот премин наводно се под контрола на локалните партиски функционери. Ова е во согласност со добро воспоставената практика со која контролата на граничните премини премолчено се дава на политички сојузник во замена за поддршка за владејачката партија. Поранешен полицаец објаснува: „По полноќ, околу 3 часот, полициските и царинските службеници често добиваат наредби од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат на околу половина час. За ова, се разбира, тие добиваат соодветна награда. Камионот што поминува во овој период, припаѓа на криминална група која го дели профитот со високи претставници на албанската владејачка партија.
Недалеку од официјалниот граничен премин постои нелегален пат што го користат криминални групи кои вршат нелегана трговија со камиони, трактори и коњи“, стои во извештајот.
Понатаму се наведува дека Скопје се наоѓа на линија натрасите за транспорт и нелегална трговија од исток кон запад и од север кон југ.
Иако населението во градот претежно се состои од етнички Македонци, се смета дека главните криминални групи во градот се етнички Албанци. Најраспространетите активности на организирниот криминал вклучуваат трговија со дрога, кражба на автомобили, шверц на мигранти, како и правни фирми кои обезбедуваат превоз за нелегална трговија, како и можности за перење пари. Се чини дека трите главни криминални групи кои работат во регионот (од селата Арачиново, Кондово и Грчец) уживаат политичка заштита“, стои во извештајот објавен неодамна.
За Велес се вели дека е важна раскрсница во шверцот на дрога на Балканот. Иако официјалниот број на заплени на дрога е многу низок, како и официјалната стапка на криминал, тоа укажува на степен на заговор или бенигна небрежност од страна на полицијата и политичарите.
Велес станал родно место на таканаречената „Франкфуртската мафија“, еден од најголемите прстени за шверцување дрога во Германија, кој исто така беше активен во трговијата со хероин во Виена. Во зенитот на групата, се верува дека неколку стотици млади луѓе од Велес (честопати користејќи бугарски пасоши) продавале дрога на улиците или Австрија и Германија како дел од групата“, се наведува во истиот извештај.
За Штип се наведува оти се смета дека недозволените активности вклучуваат трговија со дрога, криумчарење на цигари, како и рекетирање и изнудување, вклучувајќи приватни компании за обезбедување кои се во „бизнисот со обезбедувањето“.
Comments are closed for this post.