Криминалниот кловн Зоран Заев колку повеќе е во паника, толку повеќе ги тера неговите потрчковци да лажат. Криминалниот кловн Зоран Заев не и мисли добро на Македонија, туку му мисли добро само на Вице, Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска и останатите членови на картелот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Костадинов од СДСМ.
-Костадинов сам ја потврди лагата на Заев изнесувајќи го податокот дека фирмата „Енергомонт“ каде Претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата, каде што добил функција во мај 2015 година, значи една година подоцна.
Криминалниот кловн Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев. Заев нема допирна точка со европските вредности, а од Европа го има само еврото кое го бараше како поткуп од струмички бизнисмен кога беше градоначалник на Струмица, поткуп кој беше евидентиран со видео докази. Мафијашкото работење на Заев како градоначалник сега стана модус операнди на Илинденска бб. откако СДСМ ја превзеде власта во Македонија, а на чело на криминалниот картел дојде Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата оценуваат дека уцени, закани, притисоци сите овие мафијашки методи се употребени за остварување на политичките цели на Зоран Заев.
-Целта е една и единствена, спас на политичката кариера на Зоран Заев преку распродажба на националните и државните интереси. Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина. Граѓаните не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование. Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Зоран Заев е премиер, а СДСМ е на власт. Ова зло мора да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер, велат од партијата.
Comments are closed for this post.