Сите вработени во Министерството за одбрана, почнувајќи од првиот до последниот, треба да го градат патриотскиот дух. Патриотскиот дух се гради врз традициите и симболите на кои е изградена државата и армијата. И тој дух почнува да се гради уште од самиот прием, односно од моментот на давање на војничката заклетва, пишува на својата Фејсбук страница членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Но, зошто тоа не е така и во Министерството со кое раководи г-ѓата Шекеринска?

Погледнете ја сликата од последната заклетва на војниците (објавена на веб страната на Министерството за одбрана).

Војниците немаат НИКАКВИ симболи и обележја на себе. Добро погледнете ја сликата, немаат никакви лични обележја, немаат никакви амблеми на единицата, немаат обележја на Армијата и за крај најважно, немаат дури ни знаме на државата!

Според меѓународните конвенции, секоја официјална војска мора да има видливи обележја (амблеми) на припадност. Но, според сликата, нашите војници не припаѓаат во стандардот за регуларна војска.

Па дури и УЧК која беше паравоена формација, имаше сопствени амблеми и обележја во склад со меѓународните конвенции (!).

Г-ѓо Шекеринска, погледнете ја мизеријата и запрашајте се: На која држава и’ даваат заклетва овие момци и девојки?

На кое знаме се колнат со своите животи? Кои се тие момци и девојки? Наши ли се, чии се?

Останува нејасно како овие, но и многу други работи во Министерството за одбрана поминуваат незабележано од одговорните и зошто никој не носи одговорност?

Но, и зошто никој не бара одговорност?

Слушнал ли некој дека постои Уредба за ознаки на униформите? Важи ли уште или не важи Уредбата и кој е тој/таа што се дрзнала да не ја почитува?

Уште поважно, од кои причини не се почитува Уредбата која е донесена во време на апсолутното владеење на Заев и Шекеринска? Си носите Уредби што сами не ги почитувате. Неверојатно!

Г-ѓо Шекеринска, во која друга НАТО држава војниците даваат заклетва со униформи на кои нема НИКАКВИ армиски и државни обележја?

Замислете да сте Министер за одбрана во некоја друга НАТО држава. Што би се случило после ваков срамен скандал?

Кој Ве овласти да си поигрувате со честа и достоинството на тие што со гордост се приклучиле на Армијата за да ја бранат државата? За кого го одработувате
обезличувањето и која е цената? Свесни ли сте какви долгорочните штети правите?

Шекеринска свесно го убива и последниот здив на македоништината и тоа цело време кршејќи постоечки закони и подзаконски акти.

До кога ќе се толерира обезличувањето и убивањето на војничкиот патриотски дух и тоа не од било кој, туку од таа што е платена да го гради, а не да го разградува?, прашува Ковачки.

Оставка од Министерот за одбрана е најмалку што може да направи. За ова понижување и обезличување мора да има одговорност од прв до последен. И одговорност ќе има! Да не речете после не ви било кажано, порачува Ковачки.

Сите вработени во Министерството за одбрана, почнувајќи од првиот до последниот, треба да го градат патриотскиот дух….

Posted by Драган Ковачки on Monday, March 8, 2021