Секој граѓанин во државава има право да инвестира свои сопствени средства. Тоа не исклучува никого, истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, колку е етички неговата сопруга да работи со фирма за енергетика во актиелните моменти.
Читајќи медиумски напис дека „сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во бизнисот со струја, во фирма која планира да гради соларна електрана во Радовиш“, Ласоска посочи дека фирмата е отворена во октомври 20220 година, еден месец откако актуелниот премиер е предложен за заменик министер за финансии.
Првин сте станале функционер, а после вашата сопруга отворила фирма. Тоа не е незаконски, но моето прашање е колку е етички вашата сопруга да работи со фирма за енергетика во моменти кога на народот му е најлошо иако вие мислите дека му е убаво и дали имате некаков пример во светот за вакво нешто, праша Ласоска.
Ковачевски во одговорот наведе дека согласно со етичкиот кодекс на Владата и со Законот за спречување на корупција целиот негов имот и имотот на членовите на неговото семејство што гласат на нивно име се пријавени во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупцијата.
Се обидовте да направите алузија дека се работи за наша инвестиција. Не, се работи за инвестиција на мојата сопруга што е дозволено според закон, и тие коишто инвестираат свои средства тие плаќаат и даноци, од коишто даноци плата земаат и јавната администрација, и Владата и пратениците. И последното што го кажавте во однос на тоа кој е среќен, со оглед на тоа дека 12 години вие земате плата од такви какви мене и тие кои што инвестираат во приватниот сектор, тоа е за пофалба, за тие што платиле данок за пофалба и за вас што ви се платени и платата и придонесите и персоналниот данок од плаќачите на данок, рече Ковачевски.
Comments are closed for this post.