Премиерот Димитар Квачевски денеска соопшти дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.
Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во кавадаречкото село Ресава, причините за реконструкцијата не се персонални, туку целта е реализирање на реформите
Реконструкцијата што ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку за државата да има стабилно мнозинство, да се донесат економските закони и правосудните, да се реализираат реформите, да не се дозволи блокада од опозицијата. Сметам дека сите владини партнери се за ефикасна работа на Собранието, а Алијанса за Албанците ќе го зајакне мнозинството, истакна Ковачевски.
Comments are closed for this post.