ВМРО-ДПМНЕ не носат никакви промени за доброто на граѓаните, туку криминални афери кои раководството на партијата ги направило во минатото додека беа на власт, вели претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за регионалната телевизија Ал Џезира.
Единствено што гледаме се само афери, криминални сознанија за тоа што било правено во минатото и пресуди. Затоа се брзаат да има сега избори. Ќе порачам уште еднаш избори ќе има 2024 година, вели претседателот Ковачевски.
Блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави не се новина, иако така ги претставуваат. Опозицијата го блокира носењето на законите уште од 2020 година, вели претседателот. Сакајќи да ја сокријат неспособноста на сопствените градоначалници ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Парламентот, а тоа е на штета на граѓаните.
Причините ми се јасни, тие го гледаат перформансот на нивните градоначалници, гледаат дека ништо не прават градоначалниците. Почнаа на почеток со сликање по скапи хотели, на проекти кои беа оставени од градоначалниците на СДСМ, ДУИ и другите партии, сфатија дека немаат ништо да понудат, веќе не одат по скапите хотели да се сликаат. Знаат дека тоа народот може да го препознае, истакна претседателот Ковачевски во интервјуто.
Comments are closed for this post.