Просто делува фрапантно, но е вистина! Премиерот Димитар Ковачевски не знае што му се случува во Владата, што тој ја предводи, особено на нејзините затворени седници!
Ваквиот заклучок произлегува од настапот на премиерот на ТВ24 и посебно од неговата изјава за несудениот конзул во Њу Џерси, Бесмира Ејупи. Ковачевски за тоа слушнал на вести! И по таквото признание остана залуден неговиот обид за правдање дека нема потпишано одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во САД.
-Ние таму имаме конзул, кој е дипломат со кариера, и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот. Не постои план за негово отповикување, рече Ковачевски.
Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите се класифицирани.
-Јас не ја познавам Ејупи. За нејзиното име првпат слушнав на вести. Не можам да навлезам во шпекулации кој ја предложил, посочи Ковачевски.
Дали премиерот Ковачевски ја познава или не Бесмира Ејупи е најмалку важно. Исто како што не е важно дали актуелниот конзул од кариера ќе остане во Њу Џерси или не, иако тоа искажано „веројатно“ може, но и не мора да значи ништо.
Но, најважно од се е дека Ковачевски не бил информиран и немал никаква информација за тоа дали именувањето нов конзул било на дневен ред на затворениот дел на Владината седница. Што, пак, наведува на размислување дали воопшто бил информиран не само за точките од дневен ред на таа, туку и на сите други затворени седници!?
Ова е само една страна од медалот. Другата вели дека Ковачевски не владее со ситуацијата и некој друг ги влече конците во заднина. Сликата за положбата во која се наоѓа и самиот се довел основано може да го постави и прашањето дали на затворена седница еден ден не може да се случи и самиот премиер да биде сменет!? Или тоа ќе го дознаеме од класифицираните информации?!
Comments are closed for this post.