Од ВМРО-ДПМНЕ, го повикаа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски да се извини за тоа што лажел за дипломата од Харвард.
Како што велат од партијата, во спротивно ќе се потврди дека Ковачевски свесно сакал да манипулира.
Ковачевски на својот Линкдин профил го навел Харвард како завршено образование, а тој таму имал само неколку дневен скап курс, кој се плаќа, за кој нема приемен, ниту оцена за завршен курс, туку сертификат за посета.
Ковачевски молчеше и кога одредени медиуми го ословија како студент од Харвард.
Ковачевски се фалеше дека е завршил на Харвард, се додека не се откри дека лаже. Ковачевски кој иако призна дека лажел, не се извини за лагите.
Доколку не се извини Ковачевски се доаѓа до заклучокот дека свесно манипулирал.
Ковачевски кој лаже за своето образование, не може да биде државник кој би ја водел добро државата.
Ковачевски е копија на Заев, а на СДСМ не им успеа да го претстават како академски граѓанин од Харвард – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.