ДУИ го гледа Ковачевски само како чувар на фотелјата за премиер од ДУИ, тој за нив нема никаков авторитет.
Полека но сигурно се покажува кој е вистински газда во владата, а кој е негов извршител. Ковачевски е марионета на Груби и Османи.Прилично непријатна улога на Ковачевски кој е премиер во периодот кој мора да се премости од неговиот претходник до неговиот наследник, смета ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа како се договорени треба да си каже самиот Ковачевски, а ова е доказ дека власта троши време само на комбинаторики и тендери наместо да решава проблеми.
Ковачевски само живее во заблуда дека е премиер, во реалноста, од ДУИ му ги бројат деновите кога ќе си замине.
Бујар Османи јавно го посрамоти Ковачевски и на отворена сцена го кажа тоа што сите го мислат, дека Ковачевски е само греач на фотелја.
Ковачевски има улога на англиска кралица, додека тој мисли дека е премиер, Груби промовира надзор од 22 милиони евра со фирма за гаќи, ја срамоти државата и го минира проектот.
ДУИ само го користи Ковачевски за криминал и за чување на позицијата за премиер од нивната партија
Comments are closed for this post.