Откако денеска премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот „Шутка“, Ѓоко Котевски по инцидентот во затворот со екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, Котевски рече дека тоа барање е конечно и ќе биде реализирано, при што се надева дека ќе има простор да ја заврши истрагата и ќе се покаќат сите недостатоци.
Ова го пренесува Плусинфо.
По вчерашните инциденти во затворот „Шутка“, премиерот Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Шутка“, Котевски. Заев го осуди нападот и наведе дека независно кој е виновен за инцидентот, одговорноста ја сноси директорот на затворот.
И министерката за правда, Рената Дескоска ги осуди инцидентите и го поддржа барањето на премиерот Заев за оставка.
Comments are closed for this post.