Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство. Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите, обвини денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој објави гфотографии од кои како што потенцираше се гледа дека Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година.
Објави и пресуда од Основниот суд во Кочани со која како што рече Костадинов јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.
Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, напразно зборува за правда кога поддржана од партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство.
Сиљановска напразно зборува за правда и фер избори, кога гордо се фотографира со лица осудени токму за кривични дела поврзани со изборите.
„Таа не верува ниту во сопствениот изборен слоган. Сиљановска сака само да биде новиот Ѓорге Иванов, нов послушник и извршител на нарачките од белиот дворец и секако на нарачките од лидерот и менторот од Будимпешта“, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.