Нема амнестија за оние кои нарачале, организирале и извршиле насилство на 27 април, порача денеска од пред седиштето на ВМРO-ДПМНЕ, пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.
Јавноста и граѓаните се згрозени од она што се слуша во судниците, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски работела и следела неистомисленици, лидери на партии, пратеници, граѓани, планирала напади врз новинари, седници на ДИК…Во овој период Христијан Мицкоски бил лева рака на Никола Груевски, советник во неговиот кабинет, дел од партиските структуриЗатоа Мицкоски денес организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.