Христијан Мицкоски вчера повторно побегна од јавноста но од поврзаноста со криминалите на Никола Груевски не може да се побегне, изјави денеска Костадин Костадинов , пратеник од редовите на СДСМ.
Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинародниот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:Каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата Енерготек ДОО Скопје?Дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење на вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, од Владата на неговиот ментор Никола Груевски?Дали тоа што бил советник на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот Мицкоски?Очигледно е дека постојат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.
Comments are closed for this post.