„Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот Рекет, туку сосема спротивното, порача во обраќање до медиумите портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што посочи тој, јасно е дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран.
„Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите. Граѓаните заслужија правда и правда мора да има, рече Костадинов.
Comments are closed for this post.