„Оставката е личен чин. Ние како парламентарно мнозинство правиме сериозни и крупни чекори во таа насока. За жал не гледам дека такви нешто кај опозицијата, а има и те како крупни причини за да покаже барем грам морал и етика пред граѓаните“, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов по денешната оставка на пратеникот Павле Богоевски.
По скандалот со снимката и повлекувањето на Богоевски од пратеничката функција, Костадинов рече дека денеска на дело се видело што значи висока морална одговорност пред граѓаните.
Костадинов денеска по оставката на Богоевски побара морална одговорност и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и глас за одземање на мандатот на Груевски.
„Ги охрабруваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат ЗА одземање на мандатот на Никола Груевски, а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции“, потенцираше Костадинов.
Тој на новинарско прашање што би сторил доколку би бил на местото на Крсто Мукоски кој е амнестиран за настаните од 27 април, а од снимките се виде дека тој ги отвори вратите на Собранието, рече дека би поднел оставка.
Comments are closed for this post.