Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на средбата со премиерот Мицкоски истакна дека процесот на евроинтеграции е тежок, понекогаш фрустрирачки но оти тоа го поминале сите претходни кандидати Според него, неопходни се реформи и да се испорача она што е ветено.

Време е да се испорачаат резултати а да се испорачаат треба истовремено да чекориме во две паралелни димензии.Се работи за конкретни резултати за Македонија и за граѓаните.Затоа реформската агенда е многу важна како и планот за раст.Потребни се реформи но и она што беше договорено во 2022 година. И да знам, колку е тоа тешко. Ви честитам за огромните напори што ги има преземено во минатото за да се придвижи напред.Сега е време да се заклучи целата работа со следнит чекори.Кога прашувате какви гаранции имаме, јасно е дека она што е договорено е договорено и немаме веќе за што друго да се договараме туку да го испорачаме и нема простор да се бара нешто повеќе.
Comments are closed for this post.