Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.

По повод националниот ден на Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти, наведе Кошта во објава на Икс.

Тој во честитката додава дека Европската унија останува посветена на нашата заедничка иднина и на европскиот пат на земјата.